• петок, 08 ноември 2024

Коман и Баерн се договорија, соработката ќе продолжи до 2026 година

Коман и Баерн се договорија, соработката ќе продолжи до 2026 година
Минхен, 11 јануари 2022 (МИА) – Претставници на германскиот фудбалски шампион Баерн напредуваа во преговорите за обновување на договорот со напаѓачот Кингсли Коман. Двете страни постигнаа начелен договор, пишува „Билд“. Новиот договор на 25-годишниот Французин се очекува да биде со важност до 2026 година. Актуелниот договор на Коман со клубот од Минхен е пресметан до 30 јуни 2023 година. Дваесет и петгодишниот Французин оваа сезона одигра 17 натпревари за Баерн и постигна пет гола и две асистенции. зс/

Остани поврзан