• недела, 09 март 2025

Гарначо постигна вербален договор со Атлетико Мадрид

Гарначо постигна вербален договор со Атлетико Мадрид

Мадрид, 9 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо постигнал вербален договор со Атлетико Мадрид и на лето треба да се врати во шпанскиот клуб, пренесуваат пиринејските медиуми.

Аргентинскиот интернационалец ја започна својата кариера во академијата на Хетафе, но уште во 2015 година. Тој премина во академијата на Атлетико Мадрид, каде што помина пет години пред да се приклучи на Манчестер Јунајтед. Таму тој го направи својот пробив во првиот тим во 2022 година.

Крилниот напаѓач има 128 настапи за „црвените ѓаволи“, постигнувајќи 23 гола и 16 асистенции. Во сезоната 2024/25, Гарначо има 8 гола и 7 асистенции на 42 натпревари, но неговата форма во Премиер лигата е под очекуваното - само 3 гола и 1 асистенција на 26 натпревари.

За време на јануарскиот преоден рок интерес за Гарначо покажаа Челси и Наполи, но договор така и не се оствари. Манчестер Јунајтед не бара активно купувач, но според финансиските правила на Премиер лигата, евентуалната продажба на играчот би била пријавена како нето добивка за клубот, што може да биде одлучувачки фактор за зделката.

Според „Фихајес“, Гарначо веќе ги договорил условите со Атлетико Мадрид, а Диего Симеоне го гледа како совршен партнер за Јулијан Алварез во напаѓачката линија на „јорганџиите“.

Се очекува „црвените ѓаволи“ да бараат 50 милиони евра за него, што не би било проблем за Атлетико, кој се мачи на три фронта во последниот дел од сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан