Алкараз: Не размислувам за број 1 иако Синер не игра
- аник Синер поради суспензија нема да игра до почетокот на мај, Александар Зверев е веќе елиминиран, Новак Ѓоковиќ повеќе не е во Индијан Велс - се чини дека сите фигури се вклопуваат за Карлос Алкараз да направи чекор кон враќање на врвот на светската ранг листа со триумф во калифорниската пустина.

Индијанополис, 9 март 2025 (МИА) - Јаник Синер поради суспензија нема да игра до почетокот на мај, Александар Зверев е веќе елиминиран, Новак Ѓоковиќ повеќе не е во Индијан Велс - се чини дека сите фигури се вклопуваат за Карлос Алкараз да направи чекор кон враќање на врвот на светската ранг листа со триумф во калифорниската пустина.
Секако, тоа не може да се случи брзо бидејќи голема е разликата со Италијанецот, но чекор по чекор ...
– Воопшто не размислувам за број 1. Свесен сум за таа можност, но едноставно не се фокусирам на тоа, потенцираше Шпанецот по првата победа годинава во Индијан Велс, со 6:4, 6:2 против Французинот Алис.
Алкараз е најмладиот број 1 во историјата, но сега е на третата позиција и ќе остане таму без разлика на исходот на првиот Мастерс во сезоната. Едноставно кажано, тој ја брани титулата и не може да го подобри рекордот на поени.
– Мојата цел е да ја подобрам играта. Ако го направам она што е потребно на секој турнир, првото место ќе дојде природно. За повторно да бидам број 1, морам да имам добри резултати, морам да освојувам титули. Ако се фокусирам само на првото место, ќе извршам дополнителен притисок врз себе и не го сакам тоа. Затоа фокусот е на мојата игра. Вистина е дека Јаник не се натпреварува, но сепак е многу тешко да се вратам на број 1. Ќе видиме што ќе се случи за неколку недели, додаде Шпанецот. дс
Фото: Архива