Гвардиола: Потребен е поголем напор за да се пласираме во Лигата на шампионите
- Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека „граѓаните“ мора да вложат повеќе напори за пласман во Лигата на шампионите.

Манчестер, 9 март 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека „граѓаните“ мора да вложат повеќе напори за пласман во Лигата на шампионите.
-Тимот треба да прикаже подобра игра и потребен е поголем напор за да се пласираме во Лигата на шампионите. Ситуацијата не е лесна, но мора да продолжиме да работиме. Остануваат уште 10 кола и по мечот со Брајтон во сабота ќе стане појасно што ќе се случува понатаму, изјави Гвардиола за „ЕСПН“.
По 28 натпревари, Манчестер Сити е на четвртото место во поредокот во Премиер лигата и се наоѓа во зоната на Лигата на шампионите.
Во следното коло тимот на Гвардиола ќе игра против Брајтон. Ливерпул е лидер со 70 бода. дс
Фото: Архива