• среда, 26 март 2025

Исплатени 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Исплатени 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е извршена исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство, од кои за овошни насади 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници и за лозови насади 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.

Исплатени се и 47.843.200,00 денари за сточарско производство, и тоа за обележани женски грла говеда 27.829.600,00 денари кон 406 корисници и за обележани грла овци се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.са/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан