• среда, 21 август 2024

Индонезија и Австралија склучуваат договор за соработка во областа на одбраната

Индонезија и Австралија склучуваат договор за соработка во областа на одбраната

Мелбурн, 20 август 2024 (МИА) - Индонезија и Австралија денеска постигнаа согласност за текстот на договорот за соработка во областа на одбраната, кој ќе биде потпишан наскоро.

Тоа се случи откако новоизбраниот индонезиски претседател Прабово Субјанто, кој е и министер за одбрана, се сретна со австралиските претставници во Парламентот на земјата.

Билатералните односи стануваат сè поважни за Австралијците поради зголемените тензии со Кина.

Договорот ќе биде потпишан за неколку дена, кога австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс ќе ја посети Џакарта.

Марлс рече дека успешното завршување на преговорите по две години е важно за националната безбедност на двете земји.

„Договорот ќе обезбеди поголема соработка меѓу нашите одбранбени сили, многу повеќе заеднички вежби, да работиме заедно за глобалното заедничко добро за да го поддржиме поредокот заснован на правила. И уште поважно, ќе ни овозможи да дејствуваме на индонезиска територија, а тие на нашата “, изјави Марлс на новинарите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан