• недела, 15 декември 2024

Известувач на ОН за Сирија: Ситуацијата се менува „од минута во минута“

Известувач на ОН за Сирија: Ситуацијата се менува „од минута во минута“

Њујорк, 7 декември 2024 (МИА) - Известувачот на Обединетите нации за Сирија, Геир Педерсен, изјави дека ситуацијата во земјата се менува „од минута во минута“ и повика на смиреност и избегнување на крвопролевање.

Норвешкиот дипломат ја нагласи потребата од итни преговори во Женева со цел да се овозможи „уредна политичка транзиција“.

Овие изјави доаѓаат по напредувањето на бунтовничките сили до предградијата на главниот град Дамаск. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан