• среда, 21 август 2024

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Пакистан

Исламабад, 20 август 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава погоди делови на Пакистан, предизвикувајќи паника кај жителите, а се уште нема извештаи за материјална штета, соопштија властите.

Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, претежно муслимански регион кој е поделен меѓу Индија и Пакистан.

Според Националниот сеизмички центар за мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од Пакистан.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во 2005 година загинаа 20.000 луѓе во Пакистан и Индија. јт/

Остани поврзан