• недела, 15 декември 2024

Зеленски: Русија лансираше 93 проектили и 200 дронова врз енергетскиот систем на Украинa

Зеленски: Русија лансираше 93 проектили и 200 дронова врз енергетскиот систем на Украинa

Moсква, 13 декември 2024 (МИА) - Русија истрела 93 проектили кон Украина рано наутро, насочени кон енергетскиот сектор на Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Уште еден руски ракетен напад против Украина. Крстосувачки ракети, балистички ракети. Според првични проценки 93 пректили биле испукани, најмалку еден од севернокорејско производство. Соборени се вкупно 81 проектил од кои 11 пресретнати од наши авиони Ф-16. Дополнително руските сили во нападот употребија 200 дронови. Тоа беше еден од најголемите напади врз нашата енергетска инфраструктура“, објави украинскиот лидер на Икс, повикувајќи на поголема западна противвоздушна одбрана и поостри санкции кон Москва. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан