• сабота, 17 август 2024

Захарова: Украина употреби западни ракети за уништување на мост во Курската област

Захарова: Украина употреби западни ракети за уништување на мост во Курската област

Москва, 17 август 2024 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Украина употребила западни ракети, најверојатно американски ХИМАРС, при вчерашното уништувањето на мостот над реката Сејм во Курската област.

Таа на Телеграм напиша дека се убиени волонтерите, кои помагале при евакуација на цивилите. Захарова истакна дека одговорните за нападот ќе бидат строго казнети.

Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан