• четврток, 19 декември 2024

Поранешниот американски конгресмен Џорџ Сантос ќе се изјасни за виновен на суд за серија измами

Поранешниот американски конгресмен Џорџ Сантос ќе се изјасни за виновен на суд за серија измами

Вашингтон, 17 август 2024 (МИА) - Поранешниот републикански конгресмен на САД, Џорџ Сантос ќе се изјасни за виновен по повеќе точки од обвинението во случајот за измама против него, изјави извор за американските медиуми, пренесе Бета.

Се очекува Сантос да се изјасни на судското рочиште закажано за понеделник во Лонг Ајленд, изјави лицето кое сакаше да остане анонимно.

Сантос претходно се изјасни дека не е виновен за серија финансиски злосторства, вклучително и лажење на Конгресот за неговото богатство, собирање бенефиции за невработеност додека всушност бил вработен и користење на придонеси во кампањата за плаќање на лични трошоци, како што е купување дизајнерска облека.

Тој беше формално избркан од Конгресот во декември, откако истрагата против него откри „неспорни докази“ дека го прекршил законот и ја користел својата јавна позиција за лична корист. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан