• сабота, 16 ноември 2024

Русија ја обвини Украина дека подготвува „провокација“ во нуклеарната централа Курск

Русија ја обвини Украина дека подготвува „провокација“ во нуклеарната централа Курск

Москва, 17 август 2024 (МИА) - Русија ја обвини Украина дека се обидува да ја нападне нуклеарната централа Курск и за оваа „провокација“ да се обвини Москва, објавија британските медиуми.

Киев негираше дека имал такви намери и изјавата на руските власти ја нарече „лажна пропаганда“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори остро на секој напад врз нуклеарната централа Курск, која останува под руска контрола.

-Гледаме уште еден бран на лажна руска пропаганда за наводни украински планови за употреба на „валкани бомби“ или за напад на нуклеарни централи. Официјално ги отфрламе овие тврдења, напиша портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Х. „Украина нема ниту намера ниту можност да преземе такви дејствија“, додаде портпаролот на дипломатскиот оддел.

Во меѓувреме, шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев телефонски разговараше за ситуацијата со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси и го покани да ја посети централата во Курск.

Русија и Украина постојано се обвинуваат меѓусебно дека се обидуваат да ја саботираат работата на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е најголемата нуклеарна централа во Европа. Сите шест реактори моментално се исклучени, но на централата и е потребна надворешна струја за одржување на системот за ладење. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан