Заврши штрајкот во хрватското здравство
- Претседателот на синдикатот Заједно, Крунослав Кушец синоќа изјави дека завршува штрајкот на дел од медицинскиот персонал во Хрватска, пренесоа хрватските медиуми.
Зaгреб, 15 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на синдикатот Заједно, Крунослав Кушец синоќа изјави дека завршува штрајкот на дел од медицинскиот персонал во Хрватска, пренесоа хрватските медиуми.
„Штрајкот заврши, тоа е одлука на синдикатот“, изјави Кушец по четирите денови штрајк
Прекинот настана по расправата на министерот за здравство Вили Берош и работата на Марин Пилетиќ со претставниците на синдикатите, кои побараа зголемување на основицата за најмалку 20 проценти и промена на регулативата за коефициенти.
Кушец по средбата рече дека разговорот бил конструктивен и дека го добиле бараниот рок од четири месеци во кој ќе бидат дефинирани сите аномалии.
„Во рок од четири месеци ќе разговараме за сите нелогичности и потоа ќе ги решиме во разумен рок“, додаде Берош.
Од понеделникот штрајкуваа лаборанти, радиолошки техничари, фармацевти и дел од медицинските сестри, а за време на штрајкот се работеше само на итните случаи. зш/