Жирона за првпат во историјата ја победи Барселона и се врати на лидерското место во Ла Лига
- Во натпревар од 16. коло на шпанскиот фудбалски шампионат Жирона синоќа како гостин ја победи Барселона со 4:2.
Барселона, 11 декември 2023 (МИА) - Во натпревар од 16. коло на шпанскиот фудбалски шампионат Жирона синоќа како гостин ја победи Барселона со 4:2.
Жирона е без пораз во Ла Лига последните осум натпревари. Единствениот пораз во првенството го претрпе на 30 септември на средба со Реал Мадрид (0:3).
По овој натпревар, Жирона со 41 бод се искачи на првото место во поредокот, пред Реал со 39 бода. Барселона со 34 бода е на четвртото место.
Барселона за прв пат во својата историја загуби од Жирона. Пред сезоната 2016/17, тимот на Жирона никогаш не играл во Ла Лига. зс/
Фото: Фејсбук Жирона