Дејан Недев во Индија презентираше разни карате вештини
- Македонскиот каратист Дејан Недев викендов одржа карате семинар во Бенгалуру, Индија.

Бенгалуру, 29 септември 2024 (МИА) - Македонскиот каратист Дејан Недев викендов одржа карате семинар во Бенгалуру, Индија.
Недев демонстрираше разни карате техники, кати, кумите со посебен акцент на методите и принципите кои се користат во традиционалното карате.
- Учесниците беа презадоволни од семинарот и во иднина ќе организираат секоја година ваков семинар. Дејан Недев беше одликуван со специјално признание за ширење и развој на традиционалното карате во Азија, информираа од Македонската традиционална карете федерација.
На семинарот учествуваа над 300 каратисти од Индија, Шри Ланка, Непал, Пакистан и Бангладеш. зс/
Фото: МТКФ