• понеделник, 04 ноември 2024

Четиринаесет медали за каратистите на КК „Дибра" на Меѓународниот турнир „Струга Опен 2024"

Четиринаесет медали за каратистите на КК „Дибра

Дебар, 29 септември 2024 (МИА) - Четиринаесет каратисти од дебарскиот карате клубот „Дибра" се закитија со медали на Меѓународниот турнир „Струга Опен 2024".

- Забележавме навистина голем успех, што искрен да бидам е последователен по оној од минатата недела, кога на меѓународниот натпревар „Тетово Опен 2024" освоивме 13 медалји. Денеска со злато се закитија  Клит Спахиу,  Алмир Дука, Хена Франгу, Илда Рамадановска, Мелда Кадри и Хира Дука, рече за МИА, тренерот Дурим Пачуку.

Второ место и сребрен медал освоиле тројца, а шест други бронзен медал, на турнирот, на кој  освен од нашата држава, учествувале каратистите и од Црна Гора, Косово и Албанија.

- Се подготвуваме за настап на Светското првенство што ќе се одржи од 9 до 13 октомври во Венеција, Италија, каде како дел од македонската репрезентација се и Ера Коџа и Блина Горенца. Посакувам успех за сите членови на државната репрезентација, додава Пачуку, кој е тренер и на македонската карате репрезентација.

Коџа и Горенца,  учество на Светското првенство обезбедија по освоените први место на плејоф натпреварите,  што се одржаа во Кичево, на почетокот на овој месец. вт/лв/

фото: КК „Дибра"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан