• вторник, 24 декември 2024

ЕК иницира анкета за глобалните предлог-принципи за безбедност и доверливост на вештачката интелигенција  

ЕК иницира анкета за глобалните предлог-принципи за безбедност и доверливост на вештачката интелигенција  

Брисел, 14 октомври 2023 (МИА) – Европската комисијата иницираше анкета за Предлогот на меѓународни принципи за организации кои развиваат напредни системи за вештачка интелигенција, утврден од страна на Г7 во консултации со засегнатите страни. 

Целта на овие 11 предложени меѓународни принципи, усогласени од Хирошимскиот процес за вештачка интелигенција, е да ја промовираат безбедноста и доверливоста на оваа технологија на глобално ниво.  

- Врз основа на овие принципи, членките на Г7 имаат за цел да изработат Кодекс на однесување кој ќе обезбеди насоки за организациите кои развиваат алатки за вештачка интелигенција, посочи Европската комисија. 

Првото јавно обвинителство на Европската унија ќе ја започне својата работа на 1 јуни и ќе почне истрага за криминали поврзани со буџетот на ЕУ, соопшти Европската комисија.

Според потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова, вештачката интелигенција пружа можности, но исто така носи и ризици и предизвици. 

- Ние итно треба да ја обликуваме рамката за оваа технологија на глобално ниво. Со овие принципи, ЕУ и демократиите-истомисленици ќе бидат опремени со првиот меѓународен сет на насоки за промовирање на етичка и безбедна употреба на напредните системи на вештачка интелигенција и обезбедување на целосно почитување на универзалните човекови права, истакна Јоурова. 

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, пак, истакна дека со својот Закон за вештачка интелигенција, ЕУ стана глобален пионер во поставувањето јасни и пропорционални правила за вештачката интелигенција, за справување со ризиците и за промовирање на иновациите.  

Еврокомесарот за внатрешниот пазар на Европска Унија, Тиери Бретон, кој вчера учествуваше на министерскиот совет за туризам, изјави дека последици врз овој сектор ќе бидат огромни и дека Евро

- Задоволен сум што клучните принципи на Законот за вештачка интелигенција служат како инспирација за меѓународните пристапи кон изработка на регулативата и менаџирањето со вештачката интелигенција. Ова ја одразува улогата на Европа како глобален поставувач на стандарди, додаде Бретон. 

Сите заинтересирани страни, како што јави дописникот на МИА, се повикана да дадат свој придонес со учество во анкетата најдоцна до петок, 20 октомври, по што врз основа на добиените одговори ќе биде обликувана позицијата на ЕУ во дискусиите за финализирање на водечките принципи и изработката меѓународен Кодекс на однесување за креаторите на вештачка интелигенција, кој би требало биде одобрен од страна на лидерите на Г7 уште во текот на оваа година. 

Водечките принципи и доброволниот Кодекс на однесување ќе треба на глобално ниво да ги надополнат правно обврзувачките правила согласно Законот за вештачка интелигенција, што се во финална фаза на усогласување во институциите на ЕУ. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан