• вторник, 11 февруари 2025

Петмина загинати во експлозија пред банката на Кабул

Петмина загинати во експлозија пред банката на Кабул

Кабул, 11 февруари 2025 (МИА) - Бомбаш-самоубиец уби пет лица, вклучително и припадници на талибанските безбедносни сили во експлозија пред банка во северен Авганистан, соопшти полицијата.

„Бомбаш-самоубиец, кој имал на себе импровизирани експлозивни направи, ги активирал во близина на Банката на Кабул“, изјави Џумадин Хаксар, портпарол на полицијата во провинцијата Кундуз.

Тој доаде дека пет лица загинале, меѓу кои и цивили и припадници на талибанските безбедносни сили. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан