• вторник, 11 февруари 2025

Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците

Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците

Њујорк, 11 февруари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика Хамас да продолжи со планираното ослободување на заложниците, еден ден откако палестинската терористичка група ја објави својата намера да ја запре размената.

„Мораме по секоја цена да избегнеме обновување на непријателствата во Газа што би довело до огромна трагедија“, нагласува тој во изјавата.

Хамас вчера објави дека ќе престане да ги ослободува израелските заложници до понатамошно известување поради, како што го нарече, израелското кршење на договорот за прекин на огнот во Газа, што го зголемува ризикот од повторно разгорување на конфликтот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан