• петок, 05 декември 2025

БиХ ги затвора своите амбасади во Техеран и Тел Авив и евакуира свои граѓани

БиХ ги затвора своите амбасади во Техеран и Тел Авив и евакуира свои граѓани

Сараево, 19 јуни 2025 (МИА) - На денешната вонредна седница, Претседателството на Босна и Херцеговина одлучи привремено да ги затвори амбасадите на Босна и Херцеговина во Техеран и Тел Авив и да го евакуира нивниот персонал поради влошувањето на војната на Израел против Иран.

Таа одлука е донесена на предлог на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Поради затворањето на амбасадите, Министерството за надворешни работи во Сараево ќе го преземе политичко-дипломатското претставување на БиХ во Иран и Израел, додека конзуларните работи ќе ги преземат дипломатско-конзуларните претставништва на БиХ во Турција (Анкара и Истанбул), Јордан (Аман) и Египет (Каиро).

Сараевскиот портал Kликс објави дека Босна и Херцеговина започнала со подготовка за евакуација на своите граѓани од Иран и Израел. Првиот бран би можел да биде утре, а одреден број граѓани на БиХ веќе го потврдиле своето заминување. зш/

Остани поврзан