• вторник, 11 февруари 2025

Шолц: Европа заедно ќе одговори на американските тарифи

Шолц: Европа заедно ќе одговори на американските тарифи

Берлин, 11 февруари 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Европската унија ќе биде обединет фронт на Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни наредби за воведување царини од 25 отсто за челик и алуминиум.

„Ако САД не ни остават друг избор, тогаш Европската унија ќе дејствува заедно како најголем пазар во светот“, рече Шолц во Парламентот.

„Но, се надевам дека сме поштедени од погрешниот пат за царини и контратарифи“, додаде Шолц. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан