Евроамбасадорот Рокас од Струмица: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени
- Трансатлантските односи се најважни билетарелани релации насекаде низ светот. Европската унија ги смета САД за еден од главните партнери коишто ги имаме во светот, така што самата посета на вашиот премиер на САД сметам дека покажува оти САД ако се во можност да дадат свој придонес во забрзувањето на евроинтегративниот процес или европскиот пат на вашата земја, тогаш таквите напори се повеќе од добредојдени, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас по посетата на Општина Струмица во одговор на новинарско прашање како тој ги гледа зачестените посети на македонскиот премиер на САД и дали тоа може да се толкува како оддалечување на земјава од европскиот пат, особено ако се има предвид какви ставови пласираше претседателот Трамп во однос на политиките на ЕУ.

Струмица, 21 февруари 2025 (МИА)- Трансатлантските односи се најважни билетарелани релации насекаде низ светот. Европската унија ги смета САД за еден од главните партнери коишто ги имаме во светот, така што самата посета на вашиот премиер на САД сметам дека покажува оти САД ако се во можност да дадат свој придонес во забрзувањето на евроинтегративниот процес или европскиот пат на вашата земја, тогаш таквите напори се повеќе од добредојдени, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас по посетата на Општина Струмица во одговор на новинарско прашање како тој ги гледа зачестените посети на македонскиот премиер на САД и дали тоа може да се толкува како оддалечување на земјава од европскиот пат, особено ако се има предвид какви ставови пласираше претседателот Трамп во однос на политиките на ЕУ.
Во однос на тоа пак, доколку за два месеци не се одмрзне финансирањето на проекти од УСАИД, дали ЕУ би ги засилила проектите во земјава кои во моментов престанаа да се финансираат од САД, амбасадорот на ЕУ истакна дека сето тоа го разгледуваат внимателно и мора да почекаат да помине периодот од 90 денови за да се види што ќе се случи со фондовите кои ги обезбедува УСАИД.
-Ние како ЕУ треба да соработуваме со целиот свет и се разбира да бидеме фер, да бидеме праведни кон сите други земји или партнери кои инвестираат во вашата земја и се разбира дека треба да почекаме за сите прокети кои УСАИД досега ги има имплементирано и откако ќе има поголема јаснотија со тие проекти, се разбира, таму кадешто ќе биде потребно, таму кадешто ќе биде можно ЕУ може да се приклучи во реализирање на такви проекти. Како што е веќе познато, има редовни повици за проекти, всушност за тендери, вклучително за граѓанските организации и за сајбер бездноста и ако постои некоја дополнителна потреба за тендирирање или проекти тоа ќе биде земено во предвид, но да биде во согласност со буџетските рестрикции коишто ги има од страна на ЕУ. Како што ви е познато сите проекти или програми на ЕУ коишто се предивидени за финансирање, а тоа завршува до 2027 година, одговори евроамбасадор Рокас.
На прашање каков е ставот и стратегијата на ЕУ по засилувањето на наративот на екстремната десница, особено во земјите аспиранти за членство во ЕУ, шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја истакна дека ЕУ се соочува со новите гео-стратешки случувања.
Рокас посочи дека новото водство на ЕУ ја има предвид загриженоста на граѓаните и лидерството на Европската унија и затоа работи деноноќно со цел за да биде во можност да одговори на сите предизвици, а најдобриот начин да се одговори на таа загриженост е со изнаоѓање на вистинските решенија, како и во контекст на појава на екстремната десница, без разлика дали е во рамки на ЕУ или во рамки на Република Северна Македонија. рт/ац/
Фото: МИА