• сабота, 17 август 2024

Делови на Измир под закана од шумски пожар

Делови на Измир под закана од шумски пожар

Анкара, 17 август 2024 (МИА) – Шумски пожар се движи кон станбените делови на турскиот град Измир. Во текот на ноќта од пет окрузи на Измир беа евакуирани 900 луѓе.

Огнот оштети 16 згради, а повредени се 78 луѓе, од кои 29 се хоспитализирани.

Хеликоптерите и авионите за гаснење на пожар утрово продолжија да се справуваат со огнот откако синоќа беа приземјени поради силниот ветер.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јамакли изјави дека огнот зафатил површина од 1.600 хектари, а во гаснење на огнот учествуваат и два авиона и 11 хеликоптери.

Уште шест шумски пожари се регистрирани во Турција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан