• четврток, 20 февруари 2025

Данска утре ќе го објави планот за повторно вооружување

Данска утре ќе го објави планот за повторно вооружување

Копенхаген, 18 февруари 2025 (МИА) – Данска утре ќе објави голем план за повторно вооружување на својата војска, соочена со зголемена закана од Русија, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен без да го прецизира финансискиот износ на програмата.

- Мораме масовно да ја зајакнеме и заштитиме Данска. И мора масовно да се вооружиме за да избегнеме војна, рече Мете Фредериксен во парламентот.

Не беа дадени детали за износот, но според данскиот јавен радиодифузен сервис ДР, се очекува владата да објави создавање на фонд од 50 милијарди круни (6,8 милијарди евра) за дополнителни трошоци за одбраната во 2025-2026 година.

Системите за противвоздушна одбрана се меѓу потребите на армијата, која во моментов ги нема, додаде ДР.

Ова повторно вооружување мора да се направи „брзо“ бидејќи се соочуваме со „тешка ситуација за нашата земја, кралство и континент“, рече данската премиерка. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан