Војската на Брегот на Слоновата Коска ја презеде контролата врз последната француска воена база
- -Светот брзо се менува. Јасно е дека нашите одбранбени односи исто така мораа да се развиваат и да се засноваат повеќе на идните перспективи соочени со реалноста на заканите и оние на светот кој стана сложен во однос на безбедноста, наместо на одбранбените односи инспирирани од минатото, рече Уатара.

Абиџан, 20 февруари 2025 (МИА) – Војската на Брегот на Слоновата Коска денеска официјално ја презеде контролата врз последната преостаната француска воена база во земјата, откако повеќето француски војници ги напуштија земјите низ Западна Африка.
Околу 80 француски војници ќе останат во земјата за да ја советуваат локалната армија, изјави Тене Бирахима Уатара, министер за одбрана на Брегот на Слоновата Коска.
-Светот брзо се менува. Јасно е дека нашите одбранбени односи исто така мораа да се развиваат и да се засноваат повеќе на идните перспективи соочени со реалноста на заканите и оние на светот кој стана сложен во однос на безбедноста, наместо на одбранбените односи инспирирани од минатото, рече Уатара.
Соопштението на Брегот на Слоновата Коска следеше по најавите од другите земји на Западна Африка, каде од француската војска беше побарано да ја напушти нивната територија.
Аналитичарите ги опишаа барањата француските трупи да ја напуштат Африка како дел од пошироката структурна трансформација.
Француските војници беа протерани во последните години од неколку западноафрикански земји, вклучувајќи ги Нигер, Буркина Фасо, Сенегал и Чад, кои се сметаат за најстабилни и најлојални партнери на Франција во Африка.
Од Франција сега е побарано да напушти повеќе од 70 отсто од африканските земји каде што има војници од крајот на колонијалното владеење.
Французите останаа само во Џибути со 1.500 војници и во Габон со 350 војници.
По заминувањето на француските војници, лидерите на Нигер, Мали и Буркина Фасо се приближија кон Русија, која во нив има платеници обвинети за злоупотреба на цивили.сд/
фото:МИА архива