• четврток, 12 декември 2024

Група „Преспа" на фолклорниот фестивал во Корча

Група „Преспа

Пустец, 11 декември 2024 (МИА) - Фолклорната група „Преспа” од Општина Пустец беше дел од учесниците на фолклорниот фестивал одржан во Корча.

- Членовите на групата настапија со сплет македонски ора а успешен настап имаше и Кристијан Ѓорѓи, кој беше награден со бурен аплауз. Меѓу другите тој ја изведе и "Македонско девојче китка шарена" со која ги освои симпатиите на публиката, објави весникот Македониум.

Исто така групата учествувала и во дефилето низ градот,  заедно со другите учесници.

- Ова е значаен настан во запознавањето на фолклорот и традициите на сите етнички заедници кои живеат во округот Корча и чин на зацврстување на соживотот. И во иднина фолклорната група, која го негува македонскиот фолклор и традиции,  ќе ја има нашата целосна поддршка, објави општина Пустец.

На фестивалот организиран од Округот Корча, настапиле фолклорни групи на општините што го сочинуваат овој Округ во кој територијално припаѓа и општина Пустец, односно областа Мала Преспа. вт/

Фото: Општина Пустец

Остани поврзан