• четврток, 12 декември 2024

Средба во Битола на градоначалникот Коњановски и амбасадорот Буршаков од Казахстан

Средба во Битола на градоначалникот Коњановски и амбасадорот Буршаков од Казахстан

Битола, 11 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан во земјава, Сатибалди Буршаков и договорија активности за економска и културна соработка на градови од двете држави.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски го запознал амбасадорот Буршаков со проектите кои ги реализира општината, природните ресурси и приоритетите на соработка во полето на странски инвестиции, култура, туризам, производство и трговска размена.

За време на посетата на Општина Битола амбасадорот Буршаков ја истакнал важноста на мултиетничкото живеење и работа во полето на културата, туризмот и креирањето на политики.

По денешната средба на градоначалникот Коњановски и амбасадорот Буршаков поведена е инцијатива за збратимување на Битола со град од Казахстан, како и можност за отворање на конзуларно претставништво.мт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан