• четврток, 12 декември 2024

Реакција на Град Скопје на изјавата на Трајко Славески

Реакција на Град Скопје на изјавата на Трајко Славески

11 декември 2024 


Кулминација на незнаењето на Трајко Славески

Господине Трајко, 

Сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера. (документ во прилог)

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко? 

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени.


Град Скопје - Oдделение за односи со јавност

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан