• четврток, 12 декември 2024

Дебата на тема „Врсничко насилство и негово спречување“ во Делчево

Дебата на тема „Врсничко насилство и негово спречување“ во Делчево

Делчево, 11 декември 2024 (МИА) - Во Делчево продолжија актиностите во рамки на кампањата за спречување на семејното насилство. За таа цел во организација на невладината организација „Жена“, денеска се одржа дебата на тема „Врсничко насилство и негово спречување“.

-Во рамки на кампањата 16 дена активизам за борба против семејното насилство“ со членови на дебатниот клуб се разговараше за булинг и врсничко насилство. Станува збор за тема која преовладува во нашата земја. На дебатата учествуваа учениците од основните училишта Св.Климент Охридски и Ванчо Прке, додека дебатерите се од гимназијата М.М.Брицо, истакна Анита Цоневска од Организација „Жена“.

Професорката по социологија Весна Димитровска ги поздрави овие настани за одбележување на кампањата, потенвирајки дека градењето капацитети за спречување на оваа појава е многу важна во времето во кое живееме.

-Поздрав до организаторите на ваквите настани, кои ги поддржувам секогаш кога градат капацитети за справуваање со темите, кои во последно време стануваат актуелни. ,,16 дена активизам за борба против насиството" е една од клучните работи, со кои младите треба да се занимаваат. Сметам дека секој од свој аспект и агол со вклучување на можните институции и фактори ќе придонесеме кон обезбедувањето здрава клима, за здрав развој на младите, како што доликува во едно модерно општеством додаде Димитровска.

Настанот беше проследен од стручни лица при образовните институции од училиштата, а дебатата е поддржана од дел од членовите на Комисијата за еднакви можности и интерсекторското тело за борба против семејно насилство. вс/

Фото: МИА

Остани поврзан