Германско МНР: Апсењето на градоначалникот на Истанбул е назадување на демократијата во Турција
- Германското Министерство за надворешни работи го нарече апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу назадување на демократијата во Турција, и повика на фер судење и почитување на владеењето на правото, пренесува ДПА.

Берлин, 22 март 2025 (МИА) - Германското Министерство за надворешни работи го нарече апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу назадување на демократијата во Турција, и повика на фер судење и почитување на владеењето на правото, пренесува ДПА.
- Политичкиот натпревар не смее да се води преку судови и затвори. Очекуваме наводите да бидат транспарентно истражени што е можно побрзо и постапките да се водат врз основа на владеењето на правото. Истото важи и за приведените демонстранти, изјави портпарол на германското МНР.
Официјален Берлин нагласува дека почитувањето на демократијата и владеењето на правото остануваат кчучни за билатералните односи со Анкара, како и за односите меѓу ЕУ и Турција.
Имамоглу, водечка опозициска фигура и потенцијален предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, беше приведен во средата.
Тој се соочува со обвиненија за тероризам и корупција, а притворот што му го одреди судот во саботата е поврзан со случајот за корупција. Имамоглу ги отфрли обвинувањата.
Десетици илјади Турци излегоа на улиците низ поголемите градови да протестираат поради неговото притворање, пркосејќи на забраната за јавни собири што ја воведоа властите. Стотици демонстранти се уапсени.са/
Фото: ЕПА