Германскиот вицеканцелар Хабек смета дека одлуката на Трамп да ги повлече САД од Парискиот договор за климата е „фатална“
- Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек ја опиша како „фатална“ одлуката на новоименуваниот американски претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од Парискиот договор за климата.
Берлин, 21 јануари 2025 (МИА) - Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек ја опиша како „фатална“ одлуката на новоименуваниот американски претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од Парискиот договор за климата.
Парискиот договор има за цел ограничување на глобалното затоплување и борба против негативните климатски промени, се наведува на веб-страницата на Европската унија.
„Треба да ги изведеме на преден план нашите сопствени технологии (за производство на чиста енергија)“, рече Хабек.
Тој ја даде изјавата во рамки на конференцијата за енергетика во Берлин, организирана од влијателната деловна публикација Handelsblatt.
Роберт Хабек е архитект на плановите, според кои, 80 отсто од електричната енергија произведена во Германија треба да биде од обновливи извори на енергија до 2030 година. рп/
Фото: ЕПА