• петок, 21 февруари 2025

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Скопје, 17 февруари 2025

Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови.

„Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но ние доставивме иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена, а позитивно одекна и во јавноста, време е да воведеме ред. Младите вандали кои ја уништуваат урбаната опрема ќе фарбаат клупи, ќе менуваат лулашки, но и ќе ја купуваат опремата којашто ја имаат оштетено”, истакнува Герасимовски.

Герасимовски, очекува во најкус можен рок иницијативата да се преточи во закон за да се намалат девијантните појави во општините.


Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар

Остани поврзан