• сабота, 23 ноември 2024

Во поширокиот дебарски регион со трета доза вакцина против Ковид-19 опфатени околу 1.500 граѓани

Во поширокиот дебарски регион со трета доза вакцина против Ковид-19 опфатени околу 1.500 граѓани
Дебар, 16 февруари 2022 (МИА) - Во вакциналниот пункт во Дебар, кој функционира во модуларната болница, во кругот на општата болница со проширена дејност, каде се имунизираат жителите од оваа и општина Центар Жупа, како и во Здравственот дом во Ростуше, непречено се одвива процесот на имунизација против Ковид-19. Според доктор Љуљзим Стрикчани, одговорен во дебарската служба за имунизација, овој месец се забележува зголемен интерес за трета доза, која во изминатите денови од овој месец е аплицирана кај 136 лица. - Во нашата установа до сега со прва доза се опфатени 8.459, додека со втора доза 7.701 лице од општините Дебар и Центар Жупа. Кон бројката на оние кои ги примиле двете дози од вакцината треба да се додадат и повеќе од илјада лица кои се имунизирани во вакцинални пунктови во Скопје и Охрид. Што се однесува до третата доза, аплицирана е кај 1.036, главно повозрасни лица, изјави за МИА, Стрикчани. Процесот на имунизација, непречено се одвива и во соседната општина, Маврово и Ростуше, поточно во Здравствен дом „Русе Бошковски, во Ростуше. Директорот на оваа здравствена установа, Омер Дурмиши, за МИА рече дека со две дози се опфатени над 2.700 лица од оваа општина, од кои повеќе од 300 се имунизрани во Скопје и Гостивар, со прва доза над 20 додека со трета доза се опфатени околу 400 лица. И двајцата апелираат до сограѓаните што поитно да се вакцинираат зашто тоа е најефикасната заштита, но, додаваат и доколку дојде до зараза истата поминува во поблага форма. вт/цр

Остани поврзан