• вторник, 27 август 2024

Во Нигерија киднапирани осуммина од зграда во која живееле вработени во болница

Во Нигерија киднапирани осуммина од зграда во која живееле вработени во болница
Кадуна, 5 јули 2021 (МИА) - Во Нигерија вооружен напаѓач киднапирал осум лица од станбена зграда во која живееле вработените во локалната болница, меѓу кои и едногодишно дете, додека истовремено е извршен вооружен напад врз полициската станица во близина, потврди денеска полицијата. Државата Кадуна во северозападна Нигерија е изложена на бран вооружени напади и киднапирања за кои киднаперите бараат откуп, а особено на удар е болницата на Националниот центар за третман на туберкулоза и лепра, која била мета трипати. Портпаролката на болницата Меријам Абдулразак рече дека нападот траел околу еден час и потврди дека биле киднапирани шест лица, иако полицијата тврди дека киднаперите однеле осуммина. Од декември минатата година, повеќе од 800 студенти се киднапирани во северна Нигерија, а 150 се уште се водат за исчезнати. паг/  

Остани поврзан