• сабота, 31 август 2024

Јапонија погодена од тајфунот Шаншан

Јапонија погодена од тајфунот Шаншан

Токио, 27 август 2024 (МИА) – Тајфунот Шаншан денеска го погоди јужниот јапонски остров Амами, префектурата Окинава и предизвика прекин на железничкиот сообраќај.

Ветерот достигна брзина и до 216 километри на час. Според метеоролозите тајфунот ќе се движи кон вториот по големина јапонски остров, Кјушу, а до крајот на неделата ќе пристигне до островот Хоншу.

Тајфуните во регионот, за разлика од порано, сега поради климатските промени, се формираат во близина на брегот, побрзо се засилуваат и подолго се задржуваат на копното. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан