• петок, 08 ноември 2024

Лавров: Односите меѓу Москва и Париз се на најниско ниво

Лавров: Односите меѓу Москва и Париз се на најниско ниво

Москва, 27 август 2024 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека односите меѓу Москва и Париз се на најниско ниво.

„Односите меѓу Москва и Париз се на најниско ниво, меѓу другото, поради ставот што Париз го зазема за прашањата за слободата на говорот, слободата на ширење на информациите и воопшто за прашањата за почитување на професијата на новинарите многу пред актуелни настани“, рече тој на прес-конференција во Москва, одговарајќи на прашање во врска со притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров во Франција, пренесува руска државна новинска агенција.

Рускиот бизнисмен бил приведен на аеродромот Бурж во саботата, кога излегувал од приватен авион, кој наводно допатувал од Азербејџан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан