• сабота, 23 ноември 2024

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 112 мигранти

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 112 мигранти

Атина, 26 февруари 2024 (МИА) – Во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од грчкиот остров Гавдос вчера биле спасени 112 мигранти и со помош на товарен брод сите безбедно биле пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. 

Ден претходно, исто така во близина на Гавдос биле спасени 25 мигранти, од кои двајца се уапсени под сомнение дека се криумчари. 

Гавдос е најјужниот грчки остров и се наоѓа јужно од Крит. ср/сд/

Остани поврзан