• недела, 09 март 2025

Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина

Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина

Париз, 9 март 2025 (МИА) - Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“.

Тој рече дека Франција, исто така, планира да предаде на украинската армија некои од своите постари оклопни борбени возила, како што се AMX-10RC и борбените возила на пешадијата.

„Благодарение на каматата за замрзнатите руски средства, ќе искористиме нови средства во вредност од 195 милиони евра“, рече Лекорни, прецизирајќи дека парите ќе бидат искористени за набавка на гранати од 155 милиметри и наведувани проектили за борбените авиони Мираж 2000 што Франција и ги подари на Украина. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан