Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад
- Украина превентивно ја прекина струјата во Киев и во неколку други области поради заканата од руски ракетен напад, соопштија украинската армија и енергетската компанија, цитирани од украинските медиуми.
Киев, 11 ноември 2024 (МИА) - Украина превентивно ја прекина струјата во Киев и во неколку други области поради заканата од руски ракетен напад, соопштија украинската армија и енергетската компанија, цитирани од украинските медиуми.
Електричната енергија, освен во главниот град е прекината и во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, прецизираше на Телеграм украинската компанија за електрична енергија ДТЕК. Воздушна тревога е прогласена низ цела Украина. мс/
фото: ЕПА