• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето зашто ни субвенции не исплаќаше 

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето зашто ни субвенции не исплаќаше 

Скопје, 13 јули 2025

Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното Министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и преземањето  на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше Земјоделски институт и ја пресмета производствената цена.

На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп.

Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни.

Сега имаме рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм.

Ова се должи благодарение на максималните напори во водостапнството. Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми.

Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан