Лекарската комора домаќин на годинашниот ЗЕВА симпозиум
- Како што информираа од Лекарската комора, на настанот ќе учествуваат претставници на докторските комори од 12 земји од Централна и Југоисточна Европа.
Скопје, 5 септември 2025 (МИА) - Лекарска комора на Република Северна Македонија е домаќин на годинашниот ЗЕВА симпозиум денеска и утре ќе се одржува во Скопје.
Како што информираа од Лекарската комора, на настанот ќе учествуваат претставници на докторските комори од 12 земји од Централна и Југоисточна Европа.
Предвидено е на сесиите во текот на двата дена да се дискутира на четири теми - вештачката интелигенција во медицината, застапеноста на младите доктори во медицинските комори, вклученоста на коморите во планирањето на здравствениот кадар и признавањето на дипломите од странските држави. бд/бак/
Фото: МИА архива