• петок, 05 декември 2025

МЗШВ и Стопанската комора на состанок за националната кампања „Македонско најдобро“

МЗШВ и Стопанската комора на состанок за националната кампања „Македонско најдобро“

Скопје, 5 септември 2025 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организираат работен состанок и презентација на националната кампања „Македонско најдобро“.

Како што информираат од Стопанската комора, целта на оваа иницијатива е да го промовира, поттикне и заштити богатството на домашното производство, да ги поддржи домашните производители, како и да ги потсети граѓаните на квалитетот и вредноста на домашните прехранбени производи.

На состанокот предводен од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески ќе бидат присутни и компании членки на Стопанската комора со цел размена на искуства и дополнитени сугестии за успешна имплементација на иницијативата. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан