• петок, 26 јули 2024

Владата на САД им дава граѓански права на над 5.000 семејства од Јужна Америка кои беа присилно разделени на јужната граница 

Владата на САД им дава граѓански права на над 5.000 семејства од Јужна Америка кои беа присилно разделени на јужната граница 

Вашингтон, 17 октомври 2023 (МИА) - Владата на САД се согласи да компензира илјадници имигрантски семејства кои во 2017 и 2018 година беа разделени на јужната граница според политиката за „нула толеранција“ на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. 

Судскиот договор со организацијата Американски сојуз за граѓански слободи (АЦЛУ) беше поднесен синоќа во федерален суд во Сан Диего и треба да биде одобрен од судијата. 

За време на администрацијата на Трамп на американско-мексиканската граница пристигнати како имигранти беа разделувани деца и родители, при што децата беа носени во детски домови, а родителите беа судски гонети и депортирани. Најмладото дете разделено од родители тогаш беше шестмесечно бебе. Тогашната администрација беше во основа присилена да ја запре оваа практика. 

Ова е прв ваков договор досега и според него на членови од повеќе од 5.000 семејства ќе им бидат дадени граѓански права. Тие прво ќе бидат инервјуирани од службата за азил за своите искуства и треба да добијат дозвола за работа и станбени субвенции. Исто така ќе добијат медицинска грижа, пред сѐ психолошка. 

Според договорот, американската влада исто така им забранува на службите за имиграција во следните осум години да носат независни политики за раздвојување на имигрантските семејства.

Како што изјави по овој повод Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, овие семејства се соочиле со многу траума. 

-Траумата не завршува со повторното обединување. Претстои долг период на залекување на раните, и сме обврзани да го сториме она што е потребно за да ги вратиме во нормала овие индивидуи, нивното здравје и благосостојба, изјави тој по повид досговорот со АЦЛУ. 

Мајоркас сигнализираше дека Белата куќа на претседателот Џо Бајден нема намера да го прави тоа. 

-Од животна важност е да ги почитуваме фундаменталните вредности на нашата земја, и нема да застраниме од тоа, изјави тој за Ен-пи-ар.  

Иако голем дел од семејствата се одново обединети, околу 1.000 деца не се со своите родители. Според АЦЛУ, и после пет години по крајот на оваа политика, тие се раштркани низ САД, живеат со далечни роднини, семејни пријатели или се под супервизија на државата. 

АЦЛУ вината за ова ја фрла на администрацијата на Трамп.  

Овие семејства сепак нема да добијат финансиска компензација, а по гласните критики од републиканците дека сумите предложени за тоа биле големи. кб/ссм/ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан