• среда, 25 декември 2024

Во Грција годишно се регистрираат околу 360 давења во вода, од кои 98 отсто во море

Во Грција годишно се регистрираат околу 360 давења во вода, од кои 98 отсто во море

Атина, 26 јули 2024 (МИА) – Секоја година во Грција околу 360 луѓе ги губат животите во вода, а 98 отсто од нив се давења во море, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) по повод светски ден за превенција од давење, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од 2023 година, 68 проценти од смртните случаи се на плажи на кои не постои спасувач, што, како што истакнуваат од ЕОДИ, „ја покажува големата важност плажите да имаат спасувачи“.

Во изминатите пет години, месец со најмногу давења е јули, а потоа следува август, додека времето од денот кога се случуваат најмногу давења е помеѓу 12 и 13 часот.

Од почетокот на годинава, заклучно до 23 јули 2024 година биле регистрирани 215 несреќи со смртни последици во море, од кои 98 во текот на јули.

Како главни причини за давење се наведуваат недостиг на надзор на децата, немање ограда во базените, консумирање алкохол, игнорирање на временската прогноза, неправилно користење елеци за спасување и заштитна опрема во активностите на вода, но и тоа што некои не знаат да пливаат. ср/паг/

Остани поврзан