• сабота, 16 ноември 2024

Вашингтон сака акции од Иран, а не зборови

Вашингтон сака акции од Иран, а не зборови

Вашингтон, 15 ноември 2024 (МИА) - САД сакаат да видат дека Иран преминува од зборови на дела, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, реагирајќи на изјавата на иранскиот претседател дека сака да ги отстрани сите „сомнежи и нејаснотии“ во врска со иранската нуклеарна програма.

„На крајот на краиштата, она што сакаме да го видиме од Иран е вистинска промена во однесувањето и вистинска акција, а не само знаци или индиции за нешто“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.

„Сакаме да бидеме сигурни дека Иран никогаш нема нуклеарно оружје и ќе продолжиме да го користиме нашиот целосен опсег на алатки за да ја постигнеме таа цел. Сите опции остануваат на маса“, рече Пател.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера во Техеран го прими шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на разговори за иранската нуклеарна програма. зш/

Остани поврзан