• вторник, 23 јули 2024

Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Вашингтон, 22 јули 2024 (МИА) – Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина, изјави неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон во интервју за Си-ен-ен.

Болтон алудираше на изјавата на Трамп, дадена за време на неодамнешниот разговор со претседателот Володимир Зеленски, дека ќе донесе мир и ќе стави крај на руско-украинската војна.

- Тоа е лудост. Тој нема поим како ќе преговара и како ќе стави крај на таа војна, наведе Болтон.

Поранешниот советник за национална безбедност нагласи дека блискоста на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин ќе доведе до отстапки во корист на Москва што би биле погубни за Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан