• среда, 24 јули 2024

Разговори на високо ниво помеѓу САД и Јапонија за нуклеарно одвраќање

Разговори на високо ниво помеѓу САД и Јапонија за нуклеарно одвраќање

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) – Министрите за надворешни работи и за одбрана на САД и на Јапонија на 28 јули ќе разговараат за безбедноста, при што првпат во фокусот ќе биде „проширеното одвраќање“, термин кој се користи за да се опише посветеноста на САД да ги користат своите нуклеарни сили за да ги одвратат нападите против сојузниците.

Иако Токио и Вашингтон претходно разговараа за ова прашање на пониски нивоа, разговорите ќе иницираат тема, што е чувствителна во Јапонија, која инсистира на неширење на нуклеарното оружје и е единствената земја што претрпе напад со атомска бомба.

Во април, Вашингтон и Токио објавија историска надградба на американско-јапонскиот сојуз, првпат потпишан во 1951 година, поради растечките регионални закани од Кина, Русија и Северна Кореја.

- Соочени со растечките закани без преседан во регионот, САД и Јапонија одговорно ќе покажат како ќе се спротивставиме и ќе обезбедиме не само одбрана на Јапонија, туку и нашиот придонес за регионалната безбедност. Нашите обврски од безбедносниот договор кон нашите јапонски сојузници се цврсти, и ние сме решени да ги искористиме сите средства што ѝ се на располагање на Америка, вклучително и нуклеарните, за да се увериме дека ќе ги исполниме тие обврски, изјави американскиот помошник државен секретар за Источна Азија и Даниел Критенбринк пред разговорите што ќе се одржат во Јапонија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан