• вторник, 27 август 2024

Поради шумски пожар наредена евакуација во канадската провинција Алберта

Поради шумски пожар наредена евакуација во канадската провинција Алберта

Отава, 23 јули 2024 (МИА) – Канадските власти по пожарите наредија евакуација на градот Џаспер и Националниот парк Џаспер во провинцијата Алберта.

Евакуацијата е наредена како мерка на претпазливост, бидејќи се претпоставуваше дека огнот за пет часа ќе го зафати и градот Џаспер, што не се случи.

Минатата недела беа евакуирани жителите на три општини поради шумските пожари во северниот дел на Алберта.

Во канадската провинција Британска Колумбија активни се 367 шумски пожари.

На почетокот на овој месец, втората по големина нафтена компанија во Канада „Санкор“ (Suncor), привремено прекина дел од своето производство и ги евакуираше работници од една од своите локации поради пожар. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан