Без вода утре дел од Центар
- Најавено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на улицата „Кеј 13. Ноември“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од „Холидеј ин“ до поштата.
Најавено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива