Меџити: Девет милиони денари за нова водоводна и канализациска мрежа на улицата „Неџат Аголи“ во Серава
- Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир, информираат од МЖСПП.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир, информираат од МЖСПП.
Меџити истакнал дека вкупната вредност на проектот поддржан од МЖСПП е над 9 милиони денари, и истиот е многу суштински проект за жителите на улицата Неџат Аголи и додаде дека на Чаир, во 2025 година му следуваат дополнителни 9 милиони евра.
-Со овој проект ќе се поврзат над 50 домаќинства на новата водоводна и канализациона мрежа, а по неговото завршување за два месеци жителите ќе имаат и целосно асфалтиран пат, изјавил Меџити.
Тој додал дека со овој проект, започнува имплементација на низа инфраструктурни проекти, околу 50, во општина Чаир во вредност со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 2.8 милиони евра.
Како Министерство и како Влада, додал Меџити, инвестираат во сите општини за една единствена цел, подобрување на животниот стандард на граѓаните кои им дале глас и поддршка да работат за нив. сст/са/
Фото: МЖСПП